МК Сцена
Ѓорѓе Балашевиќ повторно ќе ја наполни арената „Борис Трајковски“
Авалон продукција денеска на прес-конференција во кафулето Концепт 37 го најави концертот на легендарниот новосадски кантавтор и миленик на македонската публика, Ѓорѓе Балашевиќ, кој ќе се одржи на 14 ноември во арената „Борис Трајковски“, со почеток од 20 часот.
Човекот кој секогаш го распродава апсолутно секој концерт што го работи, повторно после 2 ипол години најавува незаборавно музичко патување со публиката, каде ќе ги претстави неговите најпознати хитови што ја одбележаа балканската музичка сцена во последниве децении.
За концертот на Балашевиќ доаѓа триесет члена техничка екипа три дена порано пред концертот, додека легендарниот пејач со неговиот бенд ќе пристигне во Скопје еден ден пред неговиот концерт.





