МК Сцена
„Оди си“ – прва песна со видеоспот на Мите Стоилков
Победникот од пред две години на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“, Мите Стоилков пред еден ден ја објави неговата прва песна со наслов „Оди си“.
Станува збор за прекрасна балада, за која Стоилков сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на Даниел Јовески.
За музиката и аранжманот на песната се погрижи токму Мите, додека текстот е дело на почитуваниот хит-мејкер, Огнен Неделковски.




