Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џони Деп нема да биде обвинет за напад на сопругата

Сцена

Џони Деп нема да биде обвинет за напад на сопругата

Џони Деп доби убави вести – нема да биде обвинет за напад на сопругата Амбер Херд, па реши таа новост да ја прослави со убаво друштво.

Актерот е фотографиран во еден бар во Стокхолм во друштво на непозната бринета, речиси истовремено кога се појавија вестите дека нема кривично да биде гонет поради наводниот напад врз сопругата, пишува „Дејли Мејл“.

Деп се наоѓа во Стокхолм поради концерт на неговиот бенд „Холивуд Вемпајтс“, а во текот на претстојот во овј град тој наголем дел од времето мина затворен во хотелската соба за да ги избегне непријатните новинариски прашања.

Сепак, по добрите реши да се појави во јавност, па хотелскиот бар морал да биде отворен само за него. Тој таму минал еден час уживајќи во коктели со својата убава придружба.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.