Патувања
„Ла Долче Вита“ со горчлив крај – турист казнет за скокање во фонтаната ди Треви
Еден турист во Рим ќе го памети својот престој во Вечниот град по непријатното искуство што го доживеа во една од најпознатите знаменитости во светот – фонтаната ди Треви.
Според локалните власти, мажот, кој бил во алкохолизирана состојба, се фрлил во фонтаната додека полицијата се обидувала да го отстрани од плоштадот, каде што бил во друштво на уште две лица. Наместо романтична сцена од „La Dolce Vita“, како што можеби замислувал, го дочекаа строги санкции – висока казна и доживотна забрана за приближување до ова барокно ремек-дело.
Расте бројот на казнети туристи
Ова не е изолиран случај – податоците покажуваат дека десетици туристи годишно добиваат казни за слични постапки инспирирани од легендарниот филм на Федерико Фелини. Иако скокањето во фонтаната можеби изгледа како авантура, правилата во Рим се јасни – ваквите дела се строго санкционирани заради зачувување на културното наследство.




