„Оскари 2022“: Вакцини за номинираните и публиката, но не и за презентерите
Присуството на овогодинешното 94-то доделување на Оскарите ќе биде возможно само со доказ за вакцинација против коронавирус и најмалку два негативни ПЦР теста.
Такви се правилата за учесниците. Изведувачите и презентерите ќе мора да поминат ригорозни тестирања, но нема да мора да имаат доказ за вакцинација, според портпаролката на американската Академија за филмски уметности и науки.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 27 март, а номинираните и нивната придружба ќе бидат сместени во делот за оркестарот и партерот на театарот „Долби“, а наводно нема да мора да носат маски, освен оние кои седат на мезанинот.




