Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Оскари 2022“ со три водителки: Кои три дами ќе ја водат овогодинешната церемонија?

Сцена

„Оскари 2022“ со три водителки: Кои три дами ќе ја водат овогодинешната церемонија?

„Оскари 2022“ со три водителки: Кои три дами ќе ја водат овогодинешната церемонија?

Домаќини на овогодинешните „Оскари“ ќе бидат американските комичарки Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс, објави Академијата.

Трите филмски ѕвезди ќе го водат 94-тото доделување на Оскарите во холивудскиот театар Долби на 27 март.

Во последните три години, церемонијата немаше официјален домаќин.

-Сакаме луѓето да се подготват да се забавуваат. Помина некое време – велат Хол, Шумер и Сајкс во заедничка изјава.

Поминаа 35 години откако три водители ги поделија почестите – Чеви Чејс, Голди Хоун и Пол Хоган со заеднички сили го водеа настанот во 1987 година – и оваа година ќе биде првпат три жени да го направат тоа.

Церемонијата ќе вклучи и нова награда „омилен филм на фановите“ за најпопуларниот филм годинава, кој ќе го гласа јавноста преку Твитер и веб. Потегот, објавен во понеделникот, доаѓа додека организаторите се обидуваат да ги привлечат гледачите назад по рекордно ниската гледаност претходната година.

Почнувајќи од овој понеделник, корисниците на социјалната мрежа ќе можат да гласаат за нивните омилени филмови кои беа објавени во 2021 година – без разлика дали филмот е номиниран за „Оскар“ – користејќи го хаштагот #OscarsFanFavorite.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.