Сцена
ОСКАРИ: Најдобар филм во 2017 година е „Обликот на водата“
Филмот „Обликот на водата“, во режија на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо е награден со Оскар за најдобар филм, на церемонијата што ноќеска се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Дел Торо го доби признанието и за најдобар режисер. „Обликот на водата“ беше номиниран во 13 категории, а награди доби само за четири.
– За овој момент мечтаев како момче во мексико. Оскарот го посветувам на сите млади режисери во целиот свет кои имаат намера да снимаат филмови, онакви какви што сакаат, изјави мексиканскиот режисер и додаде дека како многу други, е емигрант во Америка.
Тој нагласи дека САД е негов дом во „секоја смисла на зборот“.





