Сцена
ОТКАКО ОБЈАВИЈА ЗА БРЕМЕНОСТА: Амал и Џорџ Клуни ќе ги избегнуваат сите опасни земји
Откако актерот Џорџ Клуни (55) и адвокатката за човекови права Амал Клуни (38) чекаат близнаци, двојката е многу внимателна.
Актерот, кој е познат по својот политички активизам и неговата сопруга, адвокат за човекови права, одлучија засега да живеат повнимателен животот, поради што Клуни најави дека нема да патуваат во опасни земји.
– Сопругата повеќе нема да патува во Ирак, а јас ги бојкотирам Јужен Судан и Конго, рече холивудскиот актер.




