Сцена
„ПАДНАА“ ПРВИТЕ БАКНЕЖИ: Лејди Гага и Бредли Купер уловени во романтична филмска сцена (ФОТО)
Откако Лејди Гага го најави својот нов филм минатиот викенд на фестивалот „Коачела“ во режисерската палка на Бредли Купер, изгледа дека пејачката и познатиот актер и продуцент се толку многу зближени, што почнаа и да се бакнуваат!
Причината за тоа е снимањето на филмот насловен „A Star Is Born“, па така се појави и нивната прва заедничка фотографија.
На фотографијата се гледа како Гага и Купер се бакнуваат на мотор додека снимаат романтична сцена.




