МК Сцена
РЕКЛАМА ЗА ГИНИС: Преку 60.000 капачињa употребени за новиот спот на Скопско (ФОТО)
Маса долга над 35 метри, повеќе од 60.000 капачиња од пиво, над 50 члена екипа и стотина статисти е сликата што ја затекнавме на снимањето на новата реклама за Скопско во огромниот хангар на Пивара Скопје.
Импресивна глетка и возбудлива атмосфера следеше по повикот за акција од режисерот.
Стотина раце како на забрзана снимка ги редеа капачињата кои покажаа испис: Голема наградна игра на Скопско и број на телефон 14 33 7.





