Сцена
ПО 5 МЕСЕЦИ КРИЕЊЕ: Кајли Џенер во провокативна фотосесија со своите сестри за „Келвин Клаин“
Бремената Кајли Џенер конечно го покажа нејзиното лице за првпат во скоро 5 месеци… затоа што идната мајка сепак треба да донесе дома некој денар.
Младата сестра од кланот на Кардашијан позираше скоро гола во кревет заедно со своите сестри – Ким, Клои, Кендал и Кортни, носејќи долна облека од брендот Келвин Клаин, но идната мајка беше доволно претпазлива за да не го открие тоа што сите сакаат да го видат.
Очигледно е дека фотосесијата за кампањата била одамна, но сепак додека сите сестри ја покажуваат долната половина, Кајли го сокри стомачето под кебе, покажувајќи го само градникот.




