МК Сцена
Во февруари, сите на концерти кај Каролина!
На големо задоволство за љубителите на квалитетна македонска музика, се враќа супербрендот Каролина Гочева со нов албум.
Но, не само тоа. Новиот албум и новата Каролина на нова, најголема врата досега, се враќаат ексклузивно за својата публика. По блескавиот концертен маратон од пред четири години, Каролина и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската Опера и Балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.
На концертите публиката за првпат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.




