Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

КОНЦЕРТ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ: Пуштени во продажба билетите за „Murder Ballads“

Музика

КОНЦЕРТ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ: Пуштени во продажба билетите за „Murder Ballads“

Билетите за концертот по повод Денот на вљубените – „Murder Ballads“, кој ќе се одржи на 14 февруари, ќе бидат пуштени во продажба од денеска.

По цена од 800 и 1000 денари, ќе можат да се набават на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10 до 20 часот, односно во сабота од 10 до 14 часот.

Следејќи ја традицијата и оваа година Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените подготвува несекојдневен музички настан. Овој пат насловен „Murder Ballads“, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш…, во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин.

Како вокалисти ќе настапат Тања Царовска и Бранислав Николов (фронтменот на „Фолтин“).

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.