Сцена
Почина актерката Флоренс Хендерсон
Актерката Флоренс Хендерсон, икона на легендарната американска телевизиска серија „Семејството Брејди“, почина од срцев удар на 83-годишна возраст, потврди нејзината менаџерка Кели Пресман.
Серијата „Семејството Брејди“ се емитуваше од 1969 до 1974 година на Еј-Би-Си, а во текот на следните 20 години се снимија неколку филмови.
Флоренс родена во Дејл во Индијана, а со актерство почнала да се занимава на Бродвеј. Едно од нејзините најрани појавувања на телевизија биле во „The Tonight Show“, каде беше прва гостинка.




