Сцена
Во Британија наскоро би можеле да бидат забранети некои филмови за возрасни
Ако британскиот Парламент го усвои предлог-законот за цензура на интернет, некои од најпопуларните жанрови на филмови за возрасни ќе бидат забранети, пишува британски „Дејли Мирор“.
Британскиот Совет за оценување на онлајн содржини е подготвено да ги блокира сите филмови, кои по својата соддржина не можат да бидат дистрибуирани на ДВД и оние кои соддржат „неконвенционални сексуални дејствија“.
Така, Британците засекогаш би можеле да се простат од филмовите кои прикажуваат секс во јавност, насилство и секс во текот на месечниот циклус. На списокот на забранети ќе се најдат и филмови кои прикажуваат сцени на уринирање, женска ејакулација и самозадоволување со предмети, како лименки или шишиња.




