Сцена
Тамара Ристоска избрана за учество на Berlinale Talents 2025
Актерката Тамара Ристоска ќе учествува на престижната програма Berlinale Talents коja ќе се одржи во рамките на овогодишното издание на Berlin Film Festival – Berlinale, еден од најзначајните филмски фестивали во светот. На 23-тото издание на оваа програма Тамара Ристоска е избрана помеѓу 3,836 апликанти од 123 држави, а таа е единствената учесничка од регионот.
Berlinale Talents е платформа за развој на филмски таленти, која ја истражува уметноста и процесот на создавање филмови. Основана во 2003 година, оваа програма е препознатлива како еден од водечките форуми за филмски професионалци и ентузијасти. Со над 10.000 алумни ширум светот, Berlinale Talents ја претставува една од најголемите глобални филмски заедници, нудејќи уникатна можност за вмрежување и креативна соработка на меѓународно ниво.
