Шоубиз
ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ФАНОВИТЕ: Адел е повторно бремена!
Една од најпопуларните британски пејачки, Адел, на својот последен концерт од нејзината северноамериканска турнеја, на обожавателите им соопшти дека е повторно бремена.
– Тоа е тоа. Се гледаме од другата страна. Чекам второ дете, изјави 28-годишната Адел пред присутните на концертот.
Тоа ќе биде второ дете на Адел и нејзиниот партнер Сајмон Конецки.




