Сцена
Почина боксерската легенда Мохамед Али
Легендарниот американски боксер Мохамед Али почина рано изутринава на 74-годишна возраст во болница во градот Феникс во сојузната држава Аризона.
– По 32 години борба против Паркинсоновата болест, Мохамед Али почина, објави неговиот портпарол Боб Ганел.
Али, кој е поранешен професионален светски шампион во тешка категорија, беше хоспитализиран во четвртокот поради проблеми со дишењето.




