МК Сцена
Почина доајенот на македонската народна музика – Вања Лазарова
Нашата легендарна Вања Лазарова замина во легендите. Никогаш нема да биде заборавена и во срцата секогаш ќе ни недостасува нејзиниот неповторлив глас. Почивај во мир кралице!
Вања Лазарова, легендарната пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика, почина денес во Скопје, на 86-годишна возраст.
„Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, се само дел од стотината македонски изворни народни песни што ги испеа Лазараова, чиј впечатлив глас е дел од македонското музичко наследство. Најголем дел од песните се снимени во продукцијата на МРТ. Родена на 27 април, 1930 во кратовско Страцин, има работено во Операта при МНТ, била член на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ и настапила на голем број концерти низ светот. Пеела во „Ројал Алберт хол“ во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Таа е прва македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи „Полиграм“ и „Филипс“.



