Музика
НАЈАВЕНИ НОВИ ЅВЕЗДИ: Years & Years и Lost Frequencies доаѓаат на Егзит 2017!
Британската сензација Years & Years, која со брзина на светлината го освои светот во изминатите пар години, тукушто го потврди настапот на главната бина на EXIT фестивал во петок, 7-ми јули!
Ова лондонско трио светските медиуми едногласно го прогласија за еден од најдобрите нови бендови додека славниот „Ен-ем-и“ магазин ги нарече „најважниот поп бенд на 21-виот век“. Зад себе веќе имаат распродадени арени и настапи на најголемите светски фестивали, а до појавата на уште една од ѕвездите на Exit, Rag’n’Bone Man и неговиот албум „Human“, токму „Communion“ на Years & Years беше најбргу продаваниот деби албум на деценијата!
„Communion“ воедно беше и првопласираниот на британската листа на албуми, како и нивниот најпознат хит „King“, кој по продажбата таа година зад себе ги остави сингловите на Ријана, Ели Гулдинг и „Д Викенд“! На главната бина на Exit ќе ги слушаме нивните хитови „Shine“, „Desire“, „Take Shelter“, „Eyes Shut“ и „Worship“, како и новите песни кои ги пишуваат заедно со електро-поп иконите Pet Shop Boys.




