Сцена
Почина легендарниот актер Бата Живојиновиќ
Легендарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ почина синоќа во 22:45 часот по локално време во болницата „Свети Сава“ во Белград, објави „Вечерње новости“.
Пред велигденските и првомајските празници, здравјето на Бата Живојиновиќ наеднаш се влошило, пишува „Новости“. Во болницата „Свети Сава“ лекарите по тешкиот мозочен удар пред четири години му помогнаа да закрепне и по рехабилитацијата на бања, одлучија да го пуштат на домашна нега.
Бата Живојиновиќ е роден во Корачица под Космаја на 5 јуни 1933 година. Во неговата кариера одигра повеќе од 300 улоги на филм, театар и телевизија од кои многу се антологиски, а неговите филмови ги гледале повеќе од десет илјади гледачи, со што не можат да се пофалат ни холивудските легенди.




