Сцена
Трета среќа – се омажи Ева Лонгорија
Мексиканските медиуми пренесуваат дека Ева Лонгорија и нејзиниот избраник Хосе Антонио Бастон се венчале во градот Ваља де Браво у Мексико. Венчавката е одржана на приватен имот, а на свадбата присуствувале околу 200 гости.
Извор близок на двојката, за „Пипл“ магазинот откри дека меѓу гостите биле и Дејвид и Викторија Бекам, Пенелопе Круз, Рики Мартин, Кејти Пери, Марио Лопез и многу други познати личности.
Ева Лонгорија и нејзиниот нов сопруг Хосе Антонио Бастон во врска се од ноември 2013 година.




