Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина прочуениот руски оперски певец Дмитриј Хворостовски (ВИДЕО)

Музика

Почина прочуениот руски оперски певец Дмитриј Хворостовски (ВИДЕО)

Прочуениот руски оперски певец Дмитриј Хворостовски, по долготрајната борба со ракот, почина синоќа во 55-та година од животот.

– Славниот баритон почина мирно и опкружен со семејството во Лондон. Нека топлината на неговиот глас и виножитото секогаш бидат со нас, се вели во соопштението.

На Хворостовски во 2015 година му беше откриен тумор на мозокот, по што тој објави крај на кариерата. Сепак, годинава во мај непланирано се појави Метрополитен операта во Њујорк и отпеа арија од „Риголето”, што му беше една од најсилните страни.

Во 2013 година тој настапи и на отворањето на манифестацијата „Охридско лето“ во Античкиот театар.

Во 2015-та беше одликуван со Орденот „Александар Невски“, а годинава го доби рускиот Орден за заслуги за татковината.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.