Музика
Колегите на Аријана Гранде изразија жалење за нападот на нејзиниот концерт
Трагедијата која вчеравечер се случи на концертот на Аријана Гранде никого не остави рамнодушен.
Експлозијата, која според очевидците била предизвикана од бомбаш самоубиец, се третира како терористички напад.
Големиот број на жители и бизнисите во Манчестер изразија сочувство до фамилиите на настраданите, такси компаниите понудија бесплатен превоз за фамилиите на присутните на концертот, а хотелите сместување за децата кои едноставно не успеале да си отидат дома во целиот тој хаос.




