Сцена
Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“
Цевка има топ не е, брада има топ не е. Што е тоа?
Токму со ваква гатанка почнува новата сезона од „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, доволно провокативна за да алудира на одговорот и доволно инспиративна за да ве натера да мислите. Токму каква што е и идејата на емисијата, да има провокативни теми кои ќе ве натераат да размислите да дискутирате ама на крајот и да се изнасмеете.





