Сцена
Македонскиот филм „M“ на Вардан Тозија на 19. издание на фестивалот „Слободна зона“ во Белград
Македонскиот филм „М“ во режија на Варан Тозија вчера беше прикажан на 19.издание на фестивалот „Слободна зона“ во Белград, во рамките на програмата „Зона без граници“.
Основан во 2005 година, Филмскиот фестивал „Слободна зона“ отвори простор за дебата, промоција, испрашување и разбирање на човековите права и сродните прашања, општествените појави и проблеми во светот и регионот. Од самиот почеток, ја поттикнува публиката да ги преиспитува своите вредности, предрасуди и поделба на одговорностите во општествениот и културниот контекст во кој живеат.





