МК Сцена
Погледнете ја целосната програма на претстојниот „Пролетен Вино Фест“
Подготовките за престојниот „Пролетен Вино Фест“ се веќе завршени, а од организацијата ги открија и музичките имиња кои ќе настапат од 6- 10 мај кај Веро Центарот.
Покрај сортните вина и деликатесната храна, посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во музика за сечиј вкус. На отворањето во среда, свој настап ќе имаат енергичните The Hounds кои се познати по одличните кавер верзии на македонски песни, но и по неколку авторски песни, а веднаш по нив ќе настапи гостинот од Црна Гора- Бојан Маровиќ, чии песни одлично „лизгаат“ со добро вино.
Во четврток свое големо концертно враќање на сцената ќе доживеат култните Last Expedition, еден од најдобрите македонски бендови на сите времиња, а пред нивниот концерт ќе настапат Cross road Blues Band и Backdoor Band.





