Настани
ПОПУЛАРНО ВО НОВИ САД: Вечерва започнува фестивалот Егзит
Од денеска па до недела центарот на забавата во Европа се сели во Нови Сад, каде вечерва започнува најдобриот европски фестивал Егзит.
Точно во 19 часот ќе бидат отворени капиите на Егзит преку кои ќе поминуваат секоја вечер, според проценките на организаторите, меѓу 45.000 и 50.000 луѓе од повеќе од 60 држави за да ги следат настапите на повеќе од 700 изведувачи на околу 20 сцени и фестивалски зони.
Оваа година бројот на странски туристи ќе биде поголем за 30 отсто во однос на минатогодишниот Егзит, а кампот на Штранд се повеќе се полни.




