МК Сцена
Познати спортисти ќе се дружат со своите фанови во име на хуманоста
Кошаркарот Перо Антиќ, ракометарите Дејан Манасков, Филип Миркуловски и Филип Кузмановски, европските шампиони во карате, Дејан Недев и Аљоша Недев, како и кошаркарката и бикини фитнес шампион Едина Муса, ќе бидат дел од спортското-хумано дружење „Шампионите за вас“, во четврток, на 21 јуни, од 17 до 20 часот на летната тераса на ресторанот „Фор“ во хотелот „Парк“.
Секој кој ќе сака да се дружи и да се слика со спортистите, ќе треба да донира најмалку 100 денари, со што добива купон за влез и дружба со нив. Собраните пари се наменети за децата кои живеат во социјален ризик, како дел од големиот хуманитарен и спортски проект на здружението „Проект Среќа“, „Здраво Шампиони“.
Проектот кој почна пред неколку месеци, има за цел да обезбеди спортска опрема и спортски членарини за сите деца и млади од 7 до 18 години, кои немаат материјални услови да се занимаваат со спорт.




