МК Сцена
Премиера на „Terminator Genisys“, ФХ3Х дел од тимот
Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните секвенци на петтото продолжение на СФ-акцијата Терминатор-„Terminator Genisys“, во која и овојпат во насловната ролја настапува Арнолд Шварценегер, а чија премиера е вечер во Скопје.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик на студиото ФХ3Х изјави дека на филмот биле ангажирани за изработката на седум секвенци, во период од два месеца со екипа од 20 артисти.
Тој е особено горд на соработката на овој проект и ја смета како потврда за квалитетот на нивната работа бидејќи компанијата соработуваше и учествуваше и на претходниот проект, Terminator Salvation, и, вели, таа соработка продолжува и понатаму.




