МК Сцена
ПРИКАЗНА ЗА ЕДЕН ПОСЕБЕН „НОЕМВРИ“: Нова песна и спот на Нокаут (ВИДЕО)
Можеби сивилото и маглите не ни дозволија да уживаме во сите бои на ноември, но тука се НОКАУТ да ви разбудат нови емоции за тој месец.
Тука се да раскажат приказна за еден посебен ноември, која сигурно ќе ви оживее сеќавања за некој друг, само вам посебен месец од животот.
Едноставно насловена како „НОЕМВРИ”, песната е заденичка соработка помеѓу Никола Перевски, Дарко Димитров и Игор Џамбазов. Додека Дарко е автор на музиката, Игор е тој кој ја оживеа приказната преку текстот, а Пере работеше на аранжманот.



