Сцена
Принцот Хари го прекрши кралскиот протокол (ФОТО)
Експертите за говор на телото наведуваат дека британскиот принц Хари неодамна го прекршил неофицијалниот кралски протокол и во јавноста ги покажал своите чувства кон својата девојка Меган Маркл.
Зачетник на тој тренд е кралицата Елизабета Втора, која никогаш во јавност или во присуство на медиумите не го држи за рака својот сопруг. Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон исто така го почитуваат правилото.





