МК Сцена
ПОДОБРО И ОД НАЈДОБРОТО: „Некст Тајм“ рушат рекорди со новата песна (ВИДЕО)
Дефинитивно новата преработка на дуото „Некст Тајм“, односно една од најубавите македонски песни, „Слушам кај шумат шумите“, ќе влезе засекогаш во аналите на македонската музика. Песна која ќе се слуша и по 30, 50, 80, 100 години…
Проект, на кој Мартин и Стефан напорно работеа цели две години со цел финалниот производ да изгледа вака како што изгледа.
Како и за нивната „Ѓурѓа“, која ги сруши сите рекорди на гледаност во Македонија, така и на оваа преработка, работеше еден од нашите најдобри музичари, Никола Мицевски.




