Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дебитантите на „Охрид-фест“- Андреа Коевска и Бојана Арсовска

Промо

Дебитантите на „Охрид-фест“- Андреа Коевска и Бојана Арсовска

Со цел за што поголема афирмација на младите, „Охрид-фест“ и годинава им дава приоритет и шанса на дебитантите и веруваме дека ова 29-то издание на фестивалот ќе биде многу успешно за многумина.

Денес претставуваме две девојки кои за првпат настапуваат на „Охрид фест“: Андреа, добро позната на јавноста и со неколкугодишно музичко искуство и Бојана – на самиот почеток на кариерата.

АНДРЕА: Иако мојата музика повеќе се слуша во странство, поддршката од тука ми е најскапоцена

Андреа e артист и автор кој ја освои македонската публика со нејзиното првенче „I know”, а денес ја препознава и Европа. Музиката што таа ја изведува за само десет месеци е стримувана на повеќе од девет милиони пати на платформата Тик Ток, 2.2 милиони пати на YouTube и вкупно 2.87 милиони стримови на Spotify, со рекордна бројка од 512.209 илјади слушатели месечно. Навистина се импресивни податоците врзани за песните на Андреа кои се вртат на повеќе од 200 радио- станици во 40 земји, вклучувајќи ги САД, Англија, Канада, Германија, Франција и Италија а таа сними сет од 3 песни со светски познатиот оркестар FAME’s.
Освен тоа, на овогодинешниот Евросонг во Торино, Италија со песната „Circles” се пласира на 11- то место на втората полуфинална вечер.

Интензивно си присутна на музичка сцена веќе неколку години, но за првпат си на „Охрид фест“. Дали ти пречи дебитантската „позиција“?

– Апсолутно не, баш напротив. Јас сум многу благодарна што повторно сум во позиција каде што можам да научам нешто ново. Имајќи ја Евровизија зад себе знам колку треба да се вложи во целиот процес ако сакаме нашата замисла да биде успешна. Воедно, за мене нема поубава средина од таа која е полна со луѓе што ја делат истата страст како мене. Имаме толку почит и љубов кон уметноста што одвај чекаме да застанеме на сцена и да го споделиме тоа со публиката.

Што беше предизвик за учество на фестивалот, бидејќи Интернационалната вечер на „Охрид фест“ има интересен концепт- се појавуваат етаблирани имиња од Балканот и дебитанти?

Веројатно ќе настапиш со композиција на Александар Масевски, композитор со кој работиш: имаш ли некакви очекувања?

– Всушност поради концептот и се пријавив. Чест ми е да учествувам на наш фестивал каде што со интересен концепт се спојуваат интернационални и домшни имиња.

Покрај тоа што ја имав можноста да ја претставувам нашата земја надвор од Балканот, сакам да ја имам истата можност на настапување во неа и секако претставување на истата во регионот и пошироко. За мене најголемиот предизвик е споделување на мојата музика која не е баш типична за оваа средина. Не е тајна дека мојата музика е повеќе слушана во странство, но сакам да ја зграпчам и секоја прилика со која можам да и се доближам на домашната публика и публиката во регионот. Каде и да одам сепак поддршката од тука ми е најскапоцена. На овој фестивал ќе настапувам со песната „Close To The Sun”, повторно во соработка со Александар Масевски, ние сме одличен тим и планираме да работиме заедно многу долго време.

Оваа композиција е многу повесела од последната песна која ја имате слушнато од мене. Веќе заврши едно патешествие, време е да сонуваме и работиме кон следното.

Кога се работи за очекувања, искрено пробувам да немам. Не сакам да се ставам непотребно во позиција каде што ќе бидам разочарана. Затоа се фокусирам на работи кои што можам да ги контролирам, а тоа е мојата изведба.

Какви ти се фестивалските искуства и што е најважната работа во досегашното твое музичко патување?

– Секој фестивал е посебен и носи свој шарм, а сите досегашни искуства ми биле феноменални. Секако не можам да не ја споменам Евровизија. Ја имав можноста да учествувам на најпрестижниот фестивал во Европа на оваа возраст. Патот до евровизиската сцена, морам да признаам дека не ми беше права линија. Но, најискрено ќе ја паметам како едно од најубавите искуства во мојот живот затоа што ме изгради во човек кој секогаш сум сакала да бидам. Во моето музичко патување како најважно го издвојувам мојот однос кон работата. Со години градам дисциплина за да бидам најдобрата верзија од себеси. Сите знаеме дека има денови каде што ни е тешко да станеме од кревет бидејќи немаме мотивација. E токму во овие моменти дисциплината ни е најдобар пријател затоа што телото наше веќе е приспособено да функционира на одреден начин. Најважното за мене, без оглед на тоа дали имам добар или лош ден, е да дадам се од себе. Па ако не сум задоволна, знам дека утре имам шанса да пробам повторно и да бидам подобра.

БОЈАНА АРСОВСКА: Спој на танцот и музиката

Оваа млада девојка е вљубена и во танцот и во музиката, но во многуте преиспитувања вели дека нема конкретен момент кој би го издвоила како пресуден во контекстот на песната. Сепак, музиката е вгнездена во неа, но, интересен е моментот поврзан со танцувањето – бидејќи од 3-тата години е со хип- хоп а потоа и со класичниот балет.

– Постојано слушам песни, пеам и танцувам во секој момент, на секое место, раскажува Бојана. – Зад себе имам многу натпревари, настапи и телевизиски и сценски појавувања и со танцот а со пеењето а можеби сега е моментот да се обидам со пеењето, бидејќи е нешто што си го носам во мене и имам голема љубов кон истото.

Бидејќи го пробиваш мразот, што за тебе значи појавување на „Охрид фест“?

-Веројатно ова ќе биде настан што ќе го паметам засекогаш. „Охрид фест“ е едно интересно искуство или како што би рекол татко ми „отскочна даска“ за мојата, ако можам така да ја наречам, понатамошна кариера или моето понатамошно бавење со музиката. Отсекогаш сакам да сум на сцена поради танцувањето, така што фестивалот е одлична можност да направам спој на танцот и пеењето.

Сигурно ќе биде интересно да те видиме на сцената. Каква е песната што ја пееш, колку ја доживуваш како своја?

– Музиката е на Григор Копров, аранжманот е на Дојчин, текстот на Огнен Неделковски а и јас имав некои мали сугестии, бидејќи бев инспирирана во студиото додека снимавме и имавме многу идеи. Песната „Колку добро љубиш“ е летна, певлива, влегува во уво а сигурно и ќе ве натера да заиграте и да се размрдате. Па, дојдете на „Охрид фест“ да пееме и танцуваме заедно!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.