Десет рап и поп музичари и еден актер настапуваат заедно на MAC
Пионерите на српската рап сцена ги здружија силите со некои од најголемите поп ѕвезди и еден познат актер, и подготвуваат специјален заеднички настап на манифестацијата Music Awards Ceremony. Бане Лалиќ МВП, Киза Робин Худ, Александар Џанкиќ, ДЈ Муња, Нигор и младиот рапер Смоук Мардељано ќе настапат заедно со Тијана Дапчевиќ, Ивана Петерс, марко Луис, Маја Луис и Виктор Савиќ.
Необичниот состав најавува емотивен настап на 27 јануари во Штарк арената, но сè уште не сакаат да откријат што точно подготвуваат.
„Многу сум возбуден што ќе бидам дел од овој MAC, а особено ми е чест што учествувам во овој специјален настап кој за мене има голема емотивна вредност. Сигурен сум дека овој настап ќе остави голем впечаток и на публиката и дефинитивно ќе биде еден од најемотивните. Многу е важно да шириме музика која е најкомплексен медиум на планетата“, вели Бане МВП, чиј бенд своевремено се прослави со хитот „Целу ноќ и цели дан“.




