Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Совесните мафијаши“ – најсмелата кампања на ПЕТА, режирана од Македонец! (ВИДЕО)

Промо

„Совесните мафијаши“ – најсмелата кампања на ПЕТА, режирана од Македонец! (ВИДЕО)

Македонскиот режисер Ангел Апостолски е автор на една од рекламите што оваа година се прикажаа за време на Супер Боул, најгледаното спортско шоу во светот, каде цената на 30-секунден рекламен блок достигнува 8 милиони долари.

Ова е историски момент за ПЕТА, глобалната организација за заштита на животните, која за првпат се појави со рекламен блок на овој престижен настан. За реализацијата на кампањата, ПЕТА го ангажираше Апостолски, кој со своето богато искуство во рекламната индустрија и уникатен режисерски пристап успеа да ја пренесе пораката на најкреативен начин.

Рекламите на Апостолски – комбинација на хумор, кинематографија и силна порака

Кампањата, наречена „Совесните мафијаши“, ја носи титулата „најсмелата кампања на ПЕТА досега“. Таа на оригинален и неочекуван начин ја поставува темата за етичка мода, прикажувајќи дека „дури и најтврдокорните мафијаши имаат срце – барем кога станува збор за животните“.

Маркетинг

Лиса Ланге, потпретседателка на ПЕТА, изјави:

🗣️ „Визијата на Ангел Апостолски совршено ја доловува апсурдноста на носењето кожа или волна во денешно време.“

Апостолски – македонски режисер со светска кариера

Ангел Апостолски, филмски режисер од Скопје, дипломирал на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија и моментално работи меѓу Софија и Амстердам. Познат е по својата кинематографска прецизност и наративна длабочина, што го издвојува како еден од ретките европски режисери кои имаат работено на реклами за Супер Боул.

Неговиот стил е карактерно воден, емотивно силен и често збогатен со хумор, правејќи ги рекламите впечатливи и незаборавни.

По успешната соработка со ПЕТА, Апостолски веќе работи на својот следен проект, а воедно е во подготовки и за свој дебитантски игран филм – проект што се очекува со голем интерес, судејќи според неговото досегашно впечатливо портфолио.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.