Промо
И Intermezzo Music Bar во борба против насилството над жените
Во пресрет на Глобалната недела против насилството над жените во одбележувањето се приклучи и единствениот музички бар кај нас Intermezzo Music Bar, како дел од кампањата која има за цел да ја поттикне борбата против насилството.
– Насилството како форма не одбира како изгледаме, каде живееме, какви сме или што работиме. Не нѐ дели на млади или возрасни, но нѐ обединува сите кон осуда на тоа, е пораката на кампањата чиј слоган е „Ќе оставам лузните да ви ја раскажат мојата приказна”.
