
Промо
Интернационална кариера на македонскиот Star Boy – промовирана песната „Cash Game“ (ВИДЕО)
„Со музика започнав на возраст од 12-13 години, кога ја снимив мојата прва песна. Оттогаш, имам некаде околу 5-6. Подоцна, на 23-годишна возраст, решив професионално да влезам во овие води. Почнав да ја снимам мојата музика на српски и македонски јазик, за да може да се слуша пошироко и надвор од Македонија“ – ја започнува својата приказна „Star Boy“, Македонецот чие вистинско име е Ванчо, а е момче кое се обидува да направи интернационална кариера на музичката сцена.
Тој живее во Париз, во градот каде што во 2017 година основа свој бренд за гардероба наречен „ROYALTY PARIS“. Бренд кој како што самиот вели е заштитен со лиценца низ цела Франција и сега планира да го заштити и на меѓународно ниво.
Во последните 3 години од својата професионална кариера Star Boy има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“.





