„Јас и ти“- нов сингл на „Љубојна“
После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот “Љубојна” повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика.
Овој пат со новата песна „Јас и ти” на Вера Милошевска, со која песна Вера, со голем успех навлегува и во кантавторските води.
Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми.




