
Промо
„Кажу да време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”: Објавена последната отпеана песна од Тоше Проески (ВИДЕО)
“Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата единствена и најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.
“Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител , диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како (диџеј Ерик Фокс).Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.
Првата демо снимка е направена во септември 2004та година во домашното студио на Кирил.



