Промо
„Мадам Батерфлај“ – едно од најмоќните оперски дела на Пучини на сцената на Националната опера и балет
На 14 февруари, со почеток во 20:00 часот, љубителите на операта ќе имаат можност да ја проследат изведбата на едно од најемотивните ремек-дела на Џакомо Пучини – „Мадам Батерфлај“, на сцената на Националната опера и балет.
Диригентската палка ја презема Бисера Чадловска, додека режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Во реализацијата на претставата учествуваат и концерт-мајсторот Климент Тодороски, како и хор-мајсторите Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.
Во насловната улога на трагичната јапонска гејша Чо-Чо-сан ќе настапи Сандра Митровска, додека ликот на Пинкертон ќе го интерпретира Зоран Сотиров. Улогата на Шарплес ја презема Марјан Јованоски, а во останатите улоги ќе настапат Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Калин Бајевски, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски и Шинаси Рамадан, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.




