Празничната магија е во Ист Гејт Мол (ФОТО)
Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во текот на месец декември.
Како центар на шопинг и забава, Ист Гејт Мол ќе овозможи секојдневни оригинални активности, наменети за сите возрасти.
Од 10. – 11.12.2021 сите фанови на гејмингот имаат шанса да бидат дел од единствениот А1 Game Fest 2021 во Ист Гејт Мол, како најголемиот е-спорт настан во Македонија и ултимативно гејмерско доживување. Богатата програма на овој дводневен настан, освен најавените изненадувања и подароци за публиката, ја содржат и турнирите FIFA22 и Dota2, Tekken 7, Cosplay, CS:GO, како и гејмање со Steffonator и GP. A1 Game Fest-от може да се следи преку директен пренос на Facebook: А1 Македонија, Instagram: @a1makedonija и GG.MK, проследен од коментатори.






