Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“

Промо

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 29-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 2 и 3 септември, преку Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид.

Фолк- вечер ќе се случува на 2 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко.

Интернационалната вечер е закажана за 3 септември 2022 година.

И годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 29-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер. Демо-снимките од нивните композиции треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“ се:

* Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик;
* Наслов на композицијата;
* Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална);
* Композициите да не се изведувани;
* Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации;

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството а рокот за поднесување на пријавите е 20 мај 2022 година.

Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните адреси: [email protected], [email protected] и [email protected]

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.