Музика
Распишан конкурс за музичкиот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2024“
Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 31-ти пат распишува конкурс за нови композиции што ќе бидат изведени на 30 и 31 август 2024 година. Концептот и локацијата се добро познати на јавноста: Долни Сарај во Охрид , каде што ќе се случуваат двете вечери на фестивалот, Фолк и Интернационалната.
Фолк- вечер ќе се одржи на 30-ти август и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 31-ви август годинава.
„Охрид фест“ целиот акцент го насочува на новите пејачки надежи: соочени со константен недостиг на млади пејачи, фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 31-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер.





