Промо
Реализирани над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ во рамки на платформата Youth Empowered на Пивара Скопје
Над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ се реализирани во рамки на дигиталната платформа Youth Empowered на Пивара Скопје. Скоро 8000 млади и лица од ранливи категории ја имаат поминато обуката во просториите на Едукативниот центар на компанијата или по електронски пат, каде што имаа можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, да ги унапредат своите вештини за креирање на развојни планови и управување со проекти, да научат за ефикасно водење на преговори и продажба, како и за организација и ефективно управување со времето и ресурсите.
„Големиот интерес што го добиваме за бесплатните обуки „Вештини за успех“ ни покажува дека сме на вистинскиот пат кон реализација на нашите стратешки заложби за одржлив развој и поддршка на заедницата преку платформата Youth Empowered. Ме радува фактот што 50% од скоро 8-те илјади учесници кои ја поминале обуката се вработиле или основале сопствен бизнис. Преку обуката креираме дополнителни можности и перспективи за младите и лицата од ранливи категории, придонесуваме за зголемување на нивната вработливост и за развојот на претприемништвото во земјата. Како компанија свртена кон иднината, а мотивирани од досегашните резултати, продолжуваме заедно со нашите партнери да инвестираме во младите“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.







