Актуелно
GENERALKA WEEKEND 2024: Собрани над 300 тони отпад од над 18.000 волонтери
Заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, Мен енд Маунтен оваа година по четврти пат ја организираше GENERALKA WEEKEND, најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан, во која беа собрани рекордни над 300 тони отпад.
„Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и пензионерските клубови, месните и урбани заедници, националните паркови, специјалците и многу други организации со здружени сили и со неспоредлив чин на национална солидарност и пријателство над сите етнички и политички граници придонесоа во GENERALKA WEEKEND! Над 18.099 волонтери собраа 301,504 кг отпад на повеќе од 400 локации за време на GENERALKA WEEKEND помеѓу 15-19 мај 2024 година!“ велат Гордана Софија и Ханес Јекл од Мен енд Маунтен.





