Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

RIS FLOWER со песната „Flying To Berlin“ во финалниот избор за претставник на Евросонг од Македонија

Промо

RIS FLOWER со песната „Flying To Berlin“ во финалниот избор за претставник на Евросонг од Македонија

Песната „Flying To Berlin“ на нашиот интернационален музичар RIS FLOWER, во огромна конкуренција е избрана во финалната селекција од 6 песни кои ќе се натпреваруваат за претставник на нашата држава на Евросонг 2022г. во Торино, Италија.

„Flying To Berlin” е авторско дело (музика и текст) на Борис Цветановски А.К.А. RIS FLOWER, а аранжманот и аудио продукцијата се дело на врвните, светски реномирани продуценти од Турција, Мустафа Чанбазлар и Арикан Сиракаја, кои воедно се и дел од тимот на Сертаб Еренер, победничката на Евросонг во Рига, Латвија.

Во изминативе десет години, Борис Цветановски А.К.А. RIS FLOWER, е најдобро препознатлив на македонската музичка јавност преку неговите енергични настапи во живо!

Воедно младиот пејач ги повикува сите љубители на добриот звук на кои ќе им се допадне песната на RIS FLOWER – „Flying To Berlin”, да гласаат за истата на следниот линк: https://evrovizija.mrt.com.mk/

Прифатете ги statistics, marketing колачињата за да можете да ја видите содржината.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.
Please accept [renew_consent]%cookie_types[/renew_consent] cookies to watch this video.