Промо
Ново искуство при пазарување со советниците за убавина во dm дрогериите: стручни совети, одредување на типот на кожа и професионално шминкање
dm дрогерие маркт за сите љубители на шминката и негата воведува нова услуга – Стручно beauty советување од страна на обучени советници за убавина во dm, професионално шминкање и одредување на типот на вашата кожа.
Професионално шминкање и beauty советување
Како да ја изберам правата нијанса на пудра, како се контурира мојот облик на лице, која боја на руменило најубаво ми стои или како совршено да нанесам ајлајнер? Ако некогаш сте си поставиле некое од овие прашања, советниците за убавина во dm отсега ќе може да ви дадат одговор на истите. Имено, во одредени dm дрогерии од неодамна е достапна услугата советници за убавина кои ви стојат на располагање за вашите beauty прашања, а воедно имате шанса да добиете и купон за бесплатно професионално шминкање.




