Промо
Над 100 пријавени девојки за изборот на „Miss Universe“ – финалето на 8 октомври во МОБ
Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот „Miss Universe“, со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник за глобалното натпреварување. Настанот ќе се одржи на 8 октомври во салата на Македонската опера и балет, а победничката ќе ја претставува нашата земја на глобалното дефиле кое ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, Мексико.
Право на учество на изборот за Miss Universe имаат сите државјанки на Северна Македонија кои живеат во државата и кои наполниле 18 години до 1 јануари во годината. Пријавувањата се веќе достапни на официјалниот веб сајт www.missnorthmacedonia.com.





