Скопски моден фестивал: Премиера на првата сезона во март
Оваа пролет ќе се означи почетокот на најголемата модна манифестација во македонската метропола. Наспроти класичните недели и викенди, фестивалските активности ќе се одвиваат во текот на еден цел месец, паралелно со случувањата во познатите светски центри.
Скопски моден фестивал е нова забавна манифестација за сите љубители на дизајнот, културата и уметноста, која на едно место ќе ги обедини сите еминентни дејци од креативната индустрија, а истовремено ќе им даде простор и на младите таленти да ги промовираат своите дела.
Првата сезона на настанот ќе се одржи во текот на месец март под слоганот „The Future was Present”, со модни ревии и перформанси, ексклузивен продажен шоурум, дигитални проекции и изложби, богата музичка програма и гала вечер со црвен килим за свеченото отворање.






